Напаѓачот на Франција, Оливие Жиру изјави дека не би имал никаков проблем, ако не постигне ниту еден гол на Светското фудбалско првенството во Русија, ако на крајот „петлите“ станат светски шампиони.

Играчите на Дидие Дешамп ќе се соочат против Белгија во полуфиналето Мундијалот 2018.

- Ако победиме на крај и јас не постигнам ниту еден гол, нема да има никакви грижи од моја гледна точка. Сепак се надевам дека ќе успеам да му дадам гол на Тибо (Куртоа). Белгија е еден многу силен тим, како физички, така и ментално. Покажаа одличен дух во натпреварите до овој момент. Ова ќе биде вистинско дерби, но ние треба да се справиме, рече Жиру.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2018 00:01