Белгискиот репрезентативец Еден Азар го пофали напаѓачот на Франција Килијан Мбапе кој е еден од најзаслужните што неговата репрезентација се најде помеѓу полуфиналистите на Светското фудбалско првенство.

Азар смета дека Мбапе ја заслужува наградата „Златна топка“ која се доделува на најдобриот фудбалер на Мундијалот.

- Повеќепати разговарав со Мабпе по телефон. Тој ми кажа дека во детството ме гледал како играм. А сега јас го гледам него како игра. Го почитувам за она што го покажува на неговите 19 години. За современиот фудбал ова е невидено. Тој е потенцијален победник на „Златната топка“, а според мое мислење уште отсега тој веќе го заслужува тоа признание, изјави Азар.

Франција и Белгија утревечер ќе се сретнат во првото полуфинале на СП во Русија



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2018 10:13