Македонската кошаркарска федерација денеска ги извести сите клубови кои идната сезона ќе се натпреваруваат во Првата лига – мажи, за обврските кои треба да ги исполнат во врска со котизацијата за учество како и услови за спортските сали кои се пријавени за натпреварите на домашен терен.

На клубовите им е даден рок од два месеца за санирање на потребните услови на салите како и 30 дена за поднесување на гаранција за учество во лигата или исплата на истото.

- Доколку не се исполнат условите и некој клуб не обезбеди гаранција за спортската сала (со предлог алтернативна сала до конечна санација на првично пријавената) автоматски клубот се откажува од правото за учество во ПЛМ и неговото место ќе биде заземено од клуб кој е предвидено да се натпреварува во втората лига по ранг – Втора Лига мажи. Роковите се дадени, со цел да до 7. август федерацијата има јасна слика за тоа кои клубови планираат да учествуваат во ПЛМ како и да им се даде евентуална шанса на клубовите од ВЛМ, а воедно и да се одлучува по прашањето за зголемувањето на ВЛМ односно намалување на бројот на учесници во ПЛМ, информираат од МКФ.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2018 14:35