Кинеската компанија „Ксиаоми“ (Xiaomi), која е еден од петте топ играчи на пазарот за паметни телефони, планира да создада нов глобален бренд.
Покрај тоа, според некои кинески извори, новиот бренд целосно може да го замени брендот „Ксиаоми“ кај паметните телефони.
Кинескиот производител, кој минатата недела излезе на берзата во Хонг Конг, ја регистрирал во САД трговската марка „Покофон“. Се претпоставува дека компанијата ќе ги продава под овој бренд своите уреди наменети за глобалниот пазар.
Повеќето експерти на пазарот очекуваат „Ксиаоми“ да продолжи да продава смартфони и со својот бренд, но има и такви мислења, според кои, компанијата ќе се обложи целосно на новата марка.
Пореални очекувања се дека само премиум уредите „Ксиаоми“ ќе бидат продавани под името „Покофон“.
Во меѓувреме, компанијата регистрираше смартфон со новиот бренд за пазарот во САД, моделот „Ксиаоми Покофон“ со 6,21-инчен екран и двојна главна камера.