Напаѓачот на Хрватска, Марио Манџукиќ ги сподели своите очекувања за полуфиналето на Светското првенство против Англија.

Двете екипи ќе се сретнат в среда, а искусниот Манџукиќ ги утврди шансите на ривалите како еднакви.

- Можеби навистина имаме повеќе играчи кои играат големи натпревари на ниво на клуб, но има доста млади момчиња во тимот, шансите се 50:50. Ние едноставно треба да веруваме во себе и да сме фокусирани. Не мислам дека искуството на индивидуалните играчи ќе биде одлучувачко, рече напаѓачот на Јувентус.

Репрезентативецот на „коцкестите“ ја посочи и улогата на селекторот Златко Далиќ во успехот на тимот.

- Далиќ има голема заслуга за тоа што сме во полуфиналето. Никогаш не сме го виделе лут. Не само тој, но и целиот тренерски штаб прави голема работа. Подготвени сме за натпреварот и тоа ќе се види. Има замор, но дури полуфиналето да беше денеска, ќе излезевме и ќе дадевме се од себе. Против Данска беа најголемите тензии, сега едноставно уживаме во фудбалот, призна напаѓачот.

На крајот тој го пофали лидерот на тимот, Лука Модриќ.

- Го познавам Лука долги години. Сме играле заедно и во ист клуб и во националниот дрес. Тој работел напорно за да стигне до ова ниво. Ако ја освои „Златната топка“, ќе биде целосно заслужено. Лука е нашиот лидер и ние сме среќни во врска со овој факт, заврши Манџукиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2018 02:31