Џунеит Чакир од Турција ќе го води полуфиналниот меч на Светското првенство помеѓу Англија и Хрватска.
Средбата, која се игра в среда на 11 јули на стадионот „Лужники“ во Москва, ќе биде трета за Чакир на ова првенство.
Тој го водеше натпреварите во групната фаза Аргентина - Нигерија и Иран - Мароко.
Претходно денеска, беше соопштено дека уругвајскиот судија Андрес Куња ќе ја води првата полуфинала средба на Светското првенство меѓу Франција и Белгија, која е на прогрмата утре во Санкт Петербург.
До моментов, 41-годишниот судија водеше два натпревари - Франција - Австралија од групата Ц и Иран - Шпанија во групата Б.
Тој е првиот арбитер кој го користеше ВАР системот во двата дуели што ги водеше.