Во анкета на порталот „Оле“ во која учествуваа 100 илјади посетители, 82 проценти се изјаснија дека селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација Хорхе Сампаоли, треба да ја напушти функцијата.

58-годишниот стручњак има договор со Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА) до летото 2022 година и во случај на отказ федерацијата ќе треба да му исплати обештетување од околу 20 милиони евра.

Претходно, во печатот Јужна Америка беше објавена листа на потенцијални наследници на Сампаоли на клупата на „гаучосите“. На таа листа се наоѓаат: Јосеп Гвардиола (Манчестер Сити), Маурицио Покетино (Тотенхем), Диего Симеоне (Атлетико Мадрид), Матијас Алмеида (Гвадалахара), Марсело Гаљардо (Ривер) и Рикардо Гарека (Перу).

За потсетување, аргентинскиот национален тим беше елиминиран на СП уште во осминафиналната фаза по поразот од Франција со 4:3.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2018 10:46