Дисциплинската комисија на Светската фудбалска федерација (ФИФА) го осуди членот на стручниот штаб на хрватската репрезентација Огњен Вукојевиќ, со 15.000 франци за кршење на кодексот за фер-плеј по победата над Русија во четвртфиналето на Мундијалот.

За време на прославата, Вукојевиќ сними видео порака во која триумфот е посветен на Украина и е споделен на социјални мрежи.

Поради тоа, тој беше исклучен од составот на хрватскиот состав, а потоа јавно и се извини на Русија велејќи дека неговата порака немала политичка порака, туку сакал да им се заблагодари на пријателите од Динамо Киев, каде што играл, а сега е член на стручниот тим.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2018 11:23