Италијанскиот фудбалски стручњак Фабио Капело смета дека во финалето на Светското првенство ќе играат Франција и Англија, а негов фаворит за трофејот се Британците.

Капело беше англиски селектор во периодот 2008-2012.

- Англискиот тим има брзи играчи и одличен тренер. Тој разбира дека со два централни бранители, тој брзо ќе се врати дома, па затоа игра со три. Исто така, Саутгејт конечно најде голман кој спасува, Пикфорд има реакција и позитивен талент. Кој ќе игра во финалето? Франција и Англија, а фаворит ќе ми бидат Британците.

На Мундијалот во Русија, вечер на програмата е првото полуфинале во кое се среќаваат Англија и Хрватска, додека утре играат Франција и Белгија.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2018 11:30