Пласманот на Англија во полуфиналето на Светското фудбалско првенство во Русија предизвикува еуфорија на Островот. Многумина се оптимисти дека англиската репрезентација ќе стигне до трофејот. Веќе е почната петиција понеделник (16 јули) да биде прогласен за неработен ден затоа што „фудбалот ќе се врати дома“. Петицијата досега ја потпишале повеќе од 60.000 луѓе, а се очекуваа таа бројка значително да порасне при евентуален пласман на „Гордиот Албион“ во финалето.

За да се оствари тоа, најпрво Англија утре ќе треба да биде подобра од Хрватска во полуфиналната пресметка во Москва.

Во првото полуфинале вечер (20 часот) играат Франциај и Белгија.

Финалето ќе се одигра на 15 јули со почеток во 17 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2018 12:43