Селекторот на белгиската фудбалска репрезентација Роберто Мартинез изјави дека неговите избраници мораат да играат без страв во полуфиналето на Мундијал против Франција.

- Ако на мечот влеземе со страв, тогаш би можеле да покажеме многу помалку од она што навистина умееме да го направиме. Играта без страв најверојатно ќе ни помогне најмногу, изјави Мартинез.

Најголемата опасност за неговиот тим Мартинез гледа во Килијан Мбапе, но истакнува дека има посебен план како да го сопре младиот напаѓач.

- Мораме да го предвидиме и да бидеме добро позиционирани, но не смееме да ги заборавиме и другите играчи, додаде белгискиот селектор.

Полуфиналето на Мундијалот помеѓу Белгија и Франција ќе се одигра вечер Санкт Петербург со почеток во 20 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2018 13:09