Селекциите на Хрватска и Англија денес го играат второто полуфинале на Светското првенство.
Ова полуфинале се игра во Москва на стадионот „Лужники“, а во текот на вчерашниот ден беа одржани редовните прес-конференции на двете репрезентации.
Но на редовната процедура било внесено огромна доза на паника.
Имено, непозната личност предизвикал голема паника помеѓу присутните новинари со дојавата дека на стадионот „Лужники“ има бомба.
Откако сите присутни биле евакуирани, полицијата го пребара целиот стадион, по што било утврдено дека се работи за лажна дојава.
Набрзо се беше продолжено според планот и програмата, а новинарите се вратиле во прес-центарот каде што ја одржале редовната конференција.