Селекторот на белгиската фудбалска репрезентација Роберто Мартинез го призна поразот од Франција и рече дека нијанси го одлучиле полуфиналето.
- Франција ќе игра за трофејот и тоа е заслужено. Нас ни фалеше само малку среќа. Натпреварот беше тврд и изедначен и одлучуваше една топка. Тие постигнаа гол и одат во финалето. Јас сум горд на моите играчи кои одиграа максимално и дадоа се од себе до самиот крај, изјави Мартинез.
Белгија синоќа загуби од Франција со 1:0 и в сабота ќе игра за 3.место на Светското фудбалско првенство со поразениот од вечерашниот полуфинален меч меѓу Хрватска и Англија.