Франција е првиот финалист на Мундијалот во Русија, а победата во полуфиналето над Белгија беше причина илјадници навивачи на „триколорите“ да излезат и да прослават на најпозната улица во Париз.

На „Шанзелизе“ се пееше, имаше огномети, се славеше до доцната во ноќта.

Франција се пласираше во финалето на Светското првенство за прв пат од 2006 година.

Противник во дуелот за трофејот в недела ќе им биде поуспешниот од вечерашното полуфинале меѓу Хрватска и Англија.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2018 10:48