Хоакин Феникс ќе го толкува „Џокер“, познатиот негативец од „Бетмен“ филмовите и стриповите, во филм каде што тој, Џокерот ќе биде главен лик, објави „Холивуд Рипортер“.
Приказната ќе раскажува за почетоците - како Џокерот станал психопат, криминалец и убиец, и веројатно ќе биде заснована на стрипот на Алан Мур и Брајан Боланд - „Убиствената шега“.
Претходно, се шпекулираше дека улогата ќе му припадне на Џеред Лето, кој го глумеше Џокерот во „Одредот на отпишаните“, но веројатно таа можност отпаѓа. Меѓу попoзнатите глумци кои го толкуваа овој лик на психопат, се и Џек Николсон, Сезар Ромеро, Maрк Хамил, а Хит Леџер доби и Оскар посмртно, за улогата во филмскиот хит „Мрачниот витез“ од 2008 година.
Новиот филм е се уште во претпродукција, а премиерата првично е најавена за наредната 2019 година.