Основното јавно обвинителство Прилеп гони 69-годишно лице за полов напад врз дете што се случил вчера во претпладневните часови.

Осомничениот, како што соопшти Обвинителството, бил забележан од вработени во ЈЗУ Здравствен дом Прилеп како во дворот на установата врши полови дејствија врз детето. По пријавата е веднаш постапено и сторителот е лишен од слобода.

ОЈО Прилеп постапувајќи во предметот донесе наредба за спроведување истражна постапка против осомниченото лице кое е на возраст од 69 години, за сторено кривично дело „полов напад“ врз дете кое не наполнило 14 години од Кривичниот законик, за кое дело е запретена затворска казна во времетраење од најмалку 12 години.

Надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските основи, па до Основниот суд Прилеп достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.​



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2018 16:39