Самсунг Биксби е името на корисна услуга со вештачки интелект која беше претставена со Галакси Ес8 пред две години. Досега, виртуелниот асистент беше достапен само за паметните телефони на компанијата, но наскоро ќе стане дел од нивните паметни часовници. Следниот Самсунг модел во овој сегмент ќе вклучи поддршка за „Биксби“ и се очекува да биде објавен заедно со Галакси Ноут 9 на специјален настан што ќе се одржи на 9-ти август.

Новиот модел се развива како Самсунг Гир Ес4, но ќе се дебитира како Галакси Воч. Идните сопственици на уредот ќе можат да го користат „Биксби“ од специјално хардверско копче или со говорна команда „Hi Bixby“, информира „СамМобајл“. Новата верзија на виртуелниот асистент ќе понуди бројни подобрувања и ќе може многу побрзо да ги обработува информациите. Интеграцијата на „Биксби“ ќе го замени „Ес Војс“ како основна услуга со гласовни команди во паметниот часовник.

Техничките спецификации не се познати, но можеме да очекуваме Галакси Воч да го задржи дизајнот на својот претходник и да работи со Веар ОС. Повеќе детали за стратегијата на Самсунг на пазарот на фитнес гаџети и паметни часовници ќе дознаеме на саемот ИФА 2018 што ќе се одржи во Берлин помеѓу 31 август и 5 септември. Но, се чини дека „Биксби“ ќе има поголемо значење за Самсунг во индустријата и ќе го најде своето место во многу други уреди.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2018 00:52