Четири возила кои биле паркирани на улица „Елисие Поповски“ во близина на број 17, се опожарени. Пожарот е пријавен во 18 часот и пет минути во противпожарната единица а интервенирано е со две возила и пет пожарникари.

Станува збор за патничко моторно возило марка „Пежо 308“, „Сеат ибица“, „Форд“ и „Опел астра“. Возилата се надворешно опожарени, а од пожарот е зафатено и едно дрво.

Првичните информациите укажуваат дека возилата најверојатно се опожарени од падната електрична инсталација



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2018 02:01