Хрватска се пласира во финалето на СП во Русија со победата над Англија 2:1.

Селекторот на коцкестите Златко Далиќ направи чудо.

-Им честитам на моите момци, не се нормални. Ништо не сум остварил јас, се направија моите момци. Ова што го одиграа е фантазија, како се бореа, како трчаа. Им благодарам на нашите навивачи во целиот свет, изјавил Далиќ по натпреварот.

-Полека одиме, уште не сме застанале. Ако даде Господ, ќе бидеме светски прваци, додава тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2018 02:26