Ако Хрватска ја освои светската титула, во земјата нема да се работи до септември, изјави селекторот Златко Далиќ.
– Ништо не може да ме изненади во нашата земја. Во Хрватска живеат четири милиони луѓе и има четири милиони фудбалери и четири милиони тренери, сите знаат сè за фудбалот. Тешко ви е да замислите како се слави секоја наша победа. Нашите фанови се нашето гориво, фудбалот ги прави луѓето среќни и дури не можам да замислам што ќе се случи, ако ја освоиме светската титла. Ако станеме светски шампиони, никој нема да работи до септември – рече Златко Далиќ