На 9 и 10.07.2018 година, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, во соодејство со јавен обвинител и инспектор од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, извршиле увид на четири земјоделски парцели, лоцирани во атарот на село Лешок, тетовско во месноста „Гладница“.

При извршениот увид меѓу насадите со добиточен грашок и пченка, откриени се поголем број стебла од растението „канабис сатива". Парцелите и стеблата се фотодокументирани, неколку се подигнати и ќе се вештачат, додека со наредба на јавен обвинител преостанатите соодветно ќе се уништат од закупците на парцелите. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2018 03:12