Полициската станица Валандово поднесе кривична пријава против Г.Г. (22) од Валандово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Во периодот од 2014 година до 2016 година, пријавениот од продажба на услуги во врска со спортски натпревари преку социјалната мрежа „Фејсбук“, преку компаниите за брз трансфер на пари „Western Union“ и „Money Gram“ примил 339.583 денари, за кои не поднел годишна даночна пријава.

На овој начин пријавениот го оштетил Буџетот на РМ за 33.959 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2018 03:13