Општина Кичево објави јавен повик за финансирање на проекти и активности од областа на културата.
Ќе се финансираат културни манифестации, организирање на фестивали, одбележување јубилејни настани и значајни датуми и промоција на културното наследство.
- За финансирање на понудените програмски активности, согласно овој повик ќе се користат средства од буџетот на општина Кичево за 2018 година, изјави претседателот на Комисијата за култура во Советот на општината Ибраим Коча.
Здруженијата на граѓани можат да поднесат само една пријава за финансиска поддршка. Повикот трае 20 дена од денот на објавата.