Вчера и денеска на поголем број медиуми и на социјалните интернет мрежи се појавија фотографии кои прикажуваат работа во тек и наводно невнимателно однесување со градското зеленило при изведувањето на велосипедската патека на булевар „8-ми Септември“.

Ве информираме дека објавените фотографии се направени во текот на изведбата на патеката и не го претставуваат финалниот изглед на теренот.

Сакаме да потенцираме дека при изградбата на новата вело патека, ниту едно дрво не е исечено или оштетено.

Во прилог Ви испраќаме денешни фотографии од финалниот изглед од новата велосипедска патека на посочениот потег на булеварот „8-ми Септември“.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2018 12:20