Универзитетот на Аделаида од Австралија, со помош на доброволци, кои учествувале во експеримент, дојде до заклучок дека брзата храна го зголемува ризикот од неплодност и тешкотии при забременувањето кај жената.

Според стручните лица, жената ќе зачне многу побрзо, доколку јаде повеќе овошје и зеленчук, а ги остави хамбургерите зад себе. Истражувањето покажало дека кај жените кои скоро воопшто не јадат овошни и зеленчукови плодови, ризикот од неплодност се зголемува осум до 12 отсто.

Кај оние кои редовно консумираат брза храна, таа бројка достигнува и до 16 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2018 15:11