Англиската јавност тешко ќе го преболи поразот од Хрватска во полуфиналето на Светското првенство во Русија, а многумина сметаат дека капитенот Хари Кејн е еден од виновниците за поразот.
Меѓутоа, легендарниот англиски фудбалер Гери Невил излезе со тврдење дека најверојатно Кејн на Мундијалот играл повреден.
- Нема да ме изненади ако во следниот период чуеме за повредата на Кејн. Уште на второто полувреме против Колумбија отежнато се движеше, а против Шведска беше статичен. Тоа не е изговор, туку едноставно не делуваше добро, истакна Невил.
Тој го пофали резултатот на англиската репрезентација и истакна дека овој тим има голема перспектива.
- Пред три седмици јавноста немаше врска со овој тим и луѓето на нив гледаа со очај. Сега сите ги сакаат и играчите треба да бидат горди на тоа. Тие беа најмладата екипа на турнирот и сигурен сум доколку имаат повторно можност да стигнат до финале ќе ја искористат, наведе Невил.
Хрватска ја совлада Англија во полуфиналето со 2:1.