Поранешниот играч на Л.А.Лејкерс, Ајзеа Томас е нов член на Денвер Нагетс. Одличниот плејмејкер минатата сезона ја започна во Кливленд и заврши во Лејкерс, а сега се согласи да заигра за минимална плата во тимот од Колорадо. Томас се бореше со повреда минатата сезона, но доколку биде подготвен, тој може да биде големо засилување за тимот од Колорадо. Како што се наведува, Томас потпиша едногодишен договор вреден два милиони долари. По спектакуларната сезона во Бостон, Томас беше заменет за Каири Ирвинг и отиде во Кливленд, каде што не успеа да го покаже својот талент, па повторно беше тргуван во Лејкерс. Сега Денвер повторно му дава шанса да покаже што знае. „Нагетси“, исто така, ги трејдуваа крилните центри Фарид и Артур, за да ослободат место за плати, со што до крајот на трансфер периодот може да донесат друг играч, кој ќе биде поддршка за првата ѕвезда на Денвер, Никола Јокиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2018 11:18