Фудбалската асоцијација на Англија е на мета на ФИФА поради скандирањата на фановите на репрезентацијата при поразот на Англија од 1:2 од Хрватска на Мундијалот 2018. - Отворен е случај против Англиската фудбалска асоцијација, потврдија од ФИФА за Би-Би-Си. Тие додадоа дека тој се однесува за пеење песни со потенцијална дискриминаторска содржина од англиските навивачи, но не е специфицирано за кое скандирање точно станува збор. Англичаните може да бидат казнети во следните два дена.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2018 15:05