Капитенот Стојанче Стоилов заедно со Даниил Шишкарев, Даниел Ѓорѓески и Мартин Поповски остануваат во ракометниот клуб Вардар и во следните сезони.

Четворицата играчи беа дел од успешниот тим во последните две сезони, кој ја освои европската титула и трофеите во СЕХА лигата и домашното првенство и купот.

Стојанче и Шишкарев се договорија со клубот за продолжување на соработката до јуни 2020 година, а голманот Даниел Ѓорѓески и крилото Мартин Поповски во Вардар ќе останат најмалку уште една сезона.

Македонскиот првак во групната фаза од Лигата на шампионите ќе игра во групата А, а новата сезона ќе почне со гостување во Франција кај актуелниот европски првак Монпелје во средината на септември.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/07/2018 05:04