Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) како дел од стратегијата за борба против сексизмот, им наложи на тимовите ангажирани за телевизиските преноси на натпреварите во иднина да избегнуваат да прикажуваат крупни кадри од убави жени.

Телото, кое ги следи појавите на дискриминација на Светското првенство, соопшти дека првичните стравувања за расизам и ксенофобија не биле оправдани. Меѓутоа, тие наведувааат дека на Мундијалот во Русија се забележани повеќе случаи на сексизам.

- Забележавме значително високо ниво на сексизам, најчесто насочен кон Русинките од страна на навивачите, наведуваат од ова тело.

Официјално се регистрирани 30 случаи на сексизам, но се верува дека нивната реална бројка е неколкукратно поголема.

Во Аргентина пред почетокот на Светското првенство во упатството за патувањето во Русија, беше вметнат и дел со совети како да заведете Русинки. Поради ова Аргентинската фудбалска федерација мораше официјално да се извини и да го повлече материјалот.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/07/2018 05:04