Меѓународната фудбалска федерација ФИФА соопшти дека не е забележан ниту еден случај на допинг на Светското првенство во Русија.
Од јануари биле проверени дури 2.037 примероци земени од секој фудбалер учесник на Мундијалот и ниту еден не бил позитивен на недозволени супстанции.
Некои репрезентации биле тестирани и по осум пати, а најдобрите четири екипи Франција, Хрватска, Англија и Белгија по четири пати.
Последен, кој не поминал на допинг тест на Светско првенство, е легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона во 1994 година на Мундијалот во САД.
Светското првенство во Русија завршува в недела со финалниот натпревар меѓу Франција и Хрватска, кој ќе се игра во Москва.