Во претпоследниот дуел од Светското фудбалско првенство 2018, селекцијата на Белгија попладнево ја победи Англија со 2:0 и го освои третото место.

До бронзата Белгија стигна со головите на Томас Муние во 4. минута и Еден Азар во 82. минута. Белгија и во групната фаза ја победи Англија (1:0).

За Белгијците ова е најдобар резултат во историјата на Мундијалите. Тие на СП 1986 година во Мексико стигнаа до 4.место.

Утре од 17 часот во финалето на СП ќе играат Франција и Хрватска.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/07/2018 18:51