Кошаркарот на Минесота Тимбервулвс, Џими Батлер ги одби понудените 100 милиони долари за продолжување на договорот со НБА лигашот.

Батлер ќе чека да му истече актуелниот договор идната година и ќе се надева на повисока понуда.

Слично нешто стори и пред три години кога од Чикаго одби 44 милиони долари, за по една година да добие понуда од 90 милиони.

- Батлер ризикува. Може да се случи да има лоша сезона, или некоја повреда. Сепак се надеваме дека ќе биде се во најдобар ред. Кога тимот игра добро и други ѕвезди сакаат да дојдат кај нас, изјави Глен Тејлор, сопственикт на Минесота.

28-годишниот Батлер кој одби 100 милиони долари за нова четиригодишна соработка со „волците“ минатата сезона ја заврши со 22,2 поени, 5,3 скока и 4,9 асистенции во просек по натпревар.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2018 01:15