Напаѓачот на француската фудбалска репрезентација, Килијан Мбапе и да сака веќе не може да се однесува како „обичен“ човек.

- Дали е тешко да останете обичен човек со таква слава? Не можам да бидам обична личност повеќе. На пример, седите дома и ви текнува да одите на прошетка за да јадете сладолед. Ова веќе за мене е завршено. Јас дури и ќе немам време да го јадам, бидејќи веќе ќе има 500 луѓе околу мојот сладолед. Повеќето луѓе ја доживеале оваа слава во зрелоста, а јас кога го започнав во средно училиште. Не сакам да кажам дека е лесно да се живее вака секој ден, но ова е животот што го одбрав, изјави 19-годишниот Мбапе.

Еден од најдобрите играчи на Светското првенство 2018, утре со својата репрезентација во Москав против Хрватска ќе игра во големото финале.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2018 01:21