Рускиот претседател Владимир Путин ќе учествува на церемонијата на доделување на наградите по завршувањето на финалето на Светскиот фудбалски шампионат 2018 година.
Путин исто така ќе го проследи и самото финале меѓу Франција и Хрватска.
- Владимир Путин на 15 јули ќе присуствува на церемонијата на затворање на Светското првенство во 2018 година и ќе го гледа финалниот натпревар меѓу репрезентациите на Франција и Хрватска, кој ќе се одигра на „Лужники“. Претседателот исто така ќе учествува на церемонијата, соопшти прес-службата на Кремљ.
Финалето на Мундијалот во Русија е закажано за утре во 17 часот по македонско време.