Волонтерите кои работат за Светското првенство во 2018 година, спроведоа анкета меѓу странските фанови кои пристигнаа на турнирот. Тие ја определија просечната возраст на навивачите. Истражувањето беше спроведено кај повеќе од пет илјади гости.

Според „РТ“, просечната возраст на навивачите кои дојдоа во Русија е 33 години. Во просек, тие поминале 12 дена во Русија.

Најголемиот дел од навивачите дојдоа од Аргентина, Колумбија, САД, Кина, Англија, Хрватска, Франција и Бразил.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2018 01:30