Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез, ги пофали своите играчи откако ја победија Англија во натпреварот за третото место на Светското фудбалско првенство 2018.

- Постигнавме најдобар резултат во историјата на белгискиот фудбал на Мундијалите, но поважно е тоа што станавме тим. Во репрезентациите играчите не играат едни со други многу долго. Кај нас во репрезентацијата владее меѓусебно разбирање. Никој не зборуваше за трансфери или за нешто друго. Само за придонесот за успехот на тимот. Игравме на високо ниво. Ги стекнавме симпатиите на неутралните, истакна Мартинез.

Тој во финалето им дава еднакви шанси и на двете селекции.

- Двата тима заслужија да стигнат до финалето на турнирот. Поразот на Французите во финалето на ЕП ги направи посилни. Од друга страна, Хрватска е неверојатна приказна, бидејќи нејзиниот пример може да инспирира секој. Кој и да победи ќе биде заслужено на врвот, истакнува белгискиот селектор.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2018 01:37