Капитенот на Хрватска Лука Модриќ е прогласен за најдобар играч на Мундијалот во Русија. Тој ја доби престижната награда „Златна топка“.
Признанието за најдобар млад играч е за Килијан Мбапе од победничката француска селекција.
Голманот на Белгија, Тибо Куртоа е прогласен за најдобар чувар на мрежата.
Франција во финалето на СП 2018 ја победи Хрватска со 4:2 и по втор пат стана Светски шампион.