Повеќе од три милиони странски туристи ја посетија Русија за време на Светското првенство, двојно повеќе во споредба со Зимските олимписки игри во Сочи. Ова го изјави премиерот на земјата, Дмитриј Медведев. - Според првичните проценки, градовите кои беа домаќини на фудбалските натпревари од првенството, вкупно се посетени од повеќе од три милиони странски туристи. Тоа е двојно повеќе од Олимписките игри во Сочи во 2014 година. Уверен сум дека голем дел од овие туристи ќе ја напуштат Русија со одлични впечатоци, рече Медведев. Премиерот им се заблагодари на жителите на сите градови каде што се одиграа натпреварите, како и на волонтерите. Русија им дозволи на странците кои доаѓаат на најпрестижните фудбалски турнири да влезат во земјата без виза. Медведев изрази уверување дека овој голем број странски туристи позитивно ќе влијаат на перцепцијата на Русија низ целиот свет.