Сценарио напишано од Стенли Кјубрик и неговиот соработник Калдер Вилингам во 1956 година, под наслов „Burning Secret”, е пронајдено сосем случајно од страна на Британската филмска академија, при собирање податоци за класиката на Кјубрик, „Очи широко затворени“.
Се работи за адаптација на романот „Пламена тајна“ на Стефан Цвајг од 1913 година, кој Кјубрик никогаш не го преточил во филм.
- Текстот е на над 100 страници, и е завршен. Има почеток, заплет и крај. И, не сме сигурни дека ова е единствено досега непознато сценарио на Кјубрик, изјави Нејтан Ејбрамс, професор на велшкиот Бангор Универзитет.
Приказната веќе еднаш е преработена во филм, во 30-те години на минатиот век.