Во последните неколку месеци твитер е се почесто критикуван заради начинот на кој се управува со компанијата. Растот на самиот сервис а воедно и на компанијата е во стагнација, профитот се повеќе опаѓа, се зголемува бројот на негативни повратни информации од страна на корисниците во врска со начинот на кој компанијата се бори против проблемите кои се појавуваат на оваа социјална мрежа.
Како резултат на сето ова, во последно време наголемо се шпекулира дека неопходно е влез на поголема компанија во Твитер како би можела да се справи со се почестите проблеми на Твитер. Извори од компанијата откриваат дека Гугл, Сејлсфорс и други компании од областа на технологијата започнале неофицијални разговори со Твитер околу купопродажбата на Твитер.
Овие информации наидоа на добар прием кај инвеститорите и како резултат на тоа акциите на Твитер скокнаа за дури 20 проценти и се забележува стабилен раст. Сепак, CBNC известува дека и покрај тоа што поголем број на компании се заинтересирани да станат доминантни сопственици на Твитер, официјална понуда сеуште нема.
Аналитичарите сметаат дека Гугл е најсериозна компанија која би можела да го превземе Твитер во своја сопственост и тоа поради две причини. Првата причина е дека Гугл е моќна компанија која има ресурси да го купи Твитер и втората е што има потенцијал да ја работи оваа друштвена мрежа поради нивните моќни технички услови кои не се прославија со развојот на Гугл плус како нова друштвена мрежа во нивна сопственост. Медиумите и влијателните твитерџии пак, деновиве на сметка на шпекулациите за можното купување на Твитер од страна на Гугл веќе развија и дизајни за изгледот на логото на Гугл.