Тренерот на Лос Анџелес лејкерс Лук Волтон изјави дека е задоволен од односот на Леброн Џејмс, откако двајцата разговарале по првата средба.

Џејмс официјално беше претставен во Лос Анџелес, а пред неговото доаѓање комуницирал со Волтон само преку пораки.

- Пред се Леброн се грижи за тимот. Сака нештата да ги прави на вистински начин и да победува. Тоа се квалитети со кои можам да работам, истакна тренерот на Лејкерс.

Претходно, Волтон барал совети од поранешните соработници на Џејмс, кој потпиша четиригодишен договор со клубот од Лос Анџелес вреден 154 милиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2018 17:18