Унгарија ќе се повлече од договорот на Обединети нации за миграција пред неговото конечно усвојување, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто, додавајќи оти договорот претставува „закана по светот“.

- Тој документ е целосно против безбедносните интереси на Унгарија, посочи Сијарто.

Договорот треба да биде усвоен во декамври, но Сијарто наведе дека Унгарија нема да учествува на состанокот во Мароко.

Тој истакна и дека за договорот треба да се гласа во Генералното собрание на ОН.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2018 14:31