Тренерот Стив Кер го продолжи договорот со Голден стејт вориорс, соопшти клубот од Оукленд.

Кер го презеде тимот во 2014 година и потпиша петгодишен договор, а оттогаш Вориорс играа четири пати во финалето и освоија три титули.

Поради политиката на клубот од актуелниот шампион не наведуваат за колку години е продолжен новиот договорот, ниту колкава ќе биде заработувачката на тренерот.

Меѓутоа, американските медиуми наведуваат дека Кер ќе стане најплатениот тренер во лигата.

- Задоволни сме што Стив го продолжи договорот и ќе го води нашиот тим уште неколку години, истакна генералниот директор на Вориорс, Боб Мајерс.

Кер заедно со Голден стејт ја освои шампионската титула во НБА лигата во 2015, 2017 и 2018 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/07/2018 00:53