Каваи Ленард не е задоволен од договорот, кој го испрати во Торонто и дури размислува да го бојкотира новиот тим, тврдат медиумите во САД. Вчера стана јасно дека Сан Антонио ќе направи трансфер на играчот во Канада заедно со Дани Грин, а во замена ги доби ДеМар ДеРозан, Јакоб Пелтл и избор од Драфтот. И двајцата главни учесници, сепак, се крајно незадоволни од случката и додека ДеРозан сепак се очекува да се помири, тогаш Ленард јасно покажал уште при преговорите дека не сака да оди во Торонто. Кошаркарот нема никаква желба да игра за Репторс и може да преземе невидени дејствија што, и покрај сè, изгледа малку веројатно, бидејќи тогаш го очекуваат солени казни и ќе загуби голем дел од платата, која е 20 милиони долари. Канаѓаните, сепак, се надеваат дека до такво нешто нема да дојде и ќе се обидат да го убедат Каваи дека доаѓа во кандидат за врвот на Истокот. Очекувањата се Ленард, сепак, да ја прифати реалноста, но во оваа фаза неговата цврста намера е догодина да премине во Л.А. Лејкерс како слободен агент. Репторс го имаат примерот со Оклахома Сити и Пол Џорџ, кој на сличен начин соопшти дека ќе оди кај „езерџиите“ кога беше трансфериран кај „Тандер“ пред една година, а потоа го продолжи договорот со ОКС.