Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) суспендираше 13 играчи, тренери и цел тим судии поради инцидентите на натпреварот од квалификациите за Светското првенство меѓу Филипините и Австралија во Манила. Десет играчи од Филипините беа казнети со вкупно 35 натпревари, од кои најмногу Келвин Абуева - шест, а најголема казна од Австралија доби Даниел Кикерт со пет натпревари суспензија. Тренерот на Филипините, Винсент Рејес ќе пропушти еден натпревар, со дополнителна парична казна од 10.000 швајцарски франци, неговиот помошник Џозеф Вичико доби забрана за три натпревари, додека кошаркарските федерации ќе треба да платат вкупно 350.000 швајцарски франци (Филипини 250.000, Австралија 100.000). Најмногу се санкционирани судиите Ахмед Ал Булуши во Оман, Саудиецот Хатим Алраби и либанскиот судија Пол Скајмеs со по една година суспензија во сите ФИБА натпреварувања и се исфрлени од елитната листа. Натпреварот меѓу двата тима беше прекинат во третата четвртина при водство на Австралија со 89:53.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/07/2018 13:29