МЗТ Скопје Аеродром денеска го објави потпишувањето на петгодишниот договор со младиот Виктор Исајлоски.
Јуниорскиот репрезентативец (17 год, 200 см.), кој доаѓа од тимот на Феникс 2010, се смета за исклучително талентиран крилен кошаркар, кој ги мина низ сите репрезентативни селекции и од кого многу се очекува на претстојното Европско првенство (ЕП), дивизија Б, кое ќе се одржи во Скопје. Исајловски во иднина ќе биде дел од јуниорскиот состав на МЗТ Скопје, со кого претходно како позајмен беше дел од турнирот во АБА-лигата за играчи до 19 години во Белград.