Во првите седмици по породувањето, 70 отсто од родилките ги зафаќа послепородилна депресија, а за нејзино лекување најважна е поддршката од околината. Доколку, пак, таа состојба потрае подолго, следува проценка дали жената треба да се обрати на психолог или психијатар.

Ако на мајката не и е добро, ниту на детето нема да му биде, смета психијатарката од Србија, Татјана Јовичевиќ.

- Жената треба да се следи. Меѓу првиот и петтиот ден по породувањето може да дојде до раздразливост, напнатост и слични промени на расположението, кое обично трае околу две недели, а тоа зависи од повеќе фактори. На пример, од самиот тек на бременоста - дали сето тоа минало глатко, дали била сакана истата и слично. Се смета дека 40-те дена по породувањето се најризични за мајката, рече докторката во интервју за ТВ1.

Најважно е емоциите да не се чуваат во себе, да излезат од вас, смета Јовичевиќ, додавајќи дека и подготвителниот период пред самото породување.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/07/2018 00:02