Акција за ноќно бележење на хоризонталната сигнализација на повеќе градски улици и булевари во Чаир спроведоа вчеравечер екипи на Јавното претпријатие „Улици и пати“.
- Во акцијата беа опфатени булеварите „Цветан Димов“ и „Христијан Тодоровски Карпош“ и улицата „Втора македонска бригада“, каде што рачно и машински со бела боја беа бележени сообраќајните ленти, пешачките премини и велосипедските патеки на коловозите, соопшти град Скопје.
Продолжиле и активностите за поставување гумени столпчиња на велосипедската патека на коловозот на улицата „Втора македонска бригада“.
- Ноќно бележење на хоризонталната сигнализација ќе продолжи да се реализира на повеќе локации низ градот и во наредниот период, најави град Скопје.