Српскиот министерот за одбрана Александар Вулин изјави дека за Србија прифатливо компромисно решение за Косово е „разграничување и запирање на ширењето на Голема Албанија".
Вулин, во интервју за весникот „Курир“ рече дека очекува Приштина да продолжи со провокации и обиди да го прекине дијалогот.
- Тие знаат дека преговорите со (претседателот Александар) Вучиќ не се добри за нив, а тоа тешко го прифаќаат, оцени Вулин.
На прашањето како тоа ниту по шест месеци по убиството на Оливер Ивановиќ, истрагата на властите во Приштина не даде резултати, тој рече дека „на Приштина и многумина од меѓународната заедница им одговара да не се реши случајот".
- Би сакал да имаме целосна контрола што ќе ни овозможи да го решиме злосторството, но немаме и затоа нашите можности се намалени, изјави Вулин, додавајќи дека „нема да престанат да ги бараат убијци на Ивановиќ".
На 16 јануари 2018 во Косовска Митровица беше убиен Оливер Ивановиќ, пред вратата на неговата канцеларија.